31 ЈУНИ 2019 | 19.30 | МСУ – Скопје

Лана Здравковиќ, Место женск, Љубљана
Јана Коцевска и Кристина Леловац, Тиит.инк, Скопје
Кумјана Новакова, МСУ - Скопје
 
Женски простори е отворена дискусија и перформативен простор на вмрежување во рамките на програмата на изложбата Родови перцепции, во потрага по нови и иновативни формати за вклучување на жените во уметноста во различни контексти, кои работат на искоренувањете на родовиот диспаритет во современата уметност.
 
Место женск, Љубљана
Место женск е платформа која продуцира и претставува современа, иновативна, критична, храбра и радикална уметност.
Место женск ги претставува и промовира локалните и меѓународните уметнички, теоретичарки, културни работнички.
Место женск ја изложува општествената реалност во која се продуцира уметноста и во која уметничките живеат / работат.
Место женск го привлекува вниманието на дискриминацијата во уметноста и културата.
Место женск има за цел да ги подобри условите за жените во уметноста и културата.
Место женск го негува трансдисциплинарниот и интерсексуалниот пристап.
Место женск не ги прифаќа стереотипите, дисциплинирајќи ја уметноста или одвојувањето на практиката и теоријата.
Место женск охрабрува социјална рефлексија, свест, солидарност и прифаќање на различноста.
 
Тиииит! Инк. 
Основните сфери на интерес и дејствување на  Тиииит! Инк. се женските права, женската интелектуална и креативна продукција, активното учество во промоцијата и развојот на независната културна сцена и граѓанскиот активизам во Македонија и регионот. Тиииит! Инк. ги реализира и унапредува своите активности во овие сфери преку поттикнување и афирмирање на различноста, истражувањата, неформалното обрзование и промоција преку креативна размена и соработка на актерите од овие области на дејствување. Од самиот почеток на своето постоење, Тииит! Инк. реализира активности кои во својот фокус ја имаат активната женска сфера, нејзината поддршка и промоција. 
Споделете на социјални мрежи