PlayUK 20/21 е разиграна и инспиративна дигитална програма што обединува креативци кои работат во индустријата за игри од Велика Британија и Западен Балкан.
Придружете ни се на нашиот нов дигитален серијал на PlayUK и на првата нова серија на дво-неделни експертски разговори. Дознајте повеќе:
PlayUK 20/21 Салони
По неколку возбудливи изданија ширум земјите од Западен Балкан, вклучително настани во живо кои се одржуваа во поголемите градови во регионот последниве 3 години, како и успешни онлајн сесии кои се одржуваа во периодот помеѓу март и август 2020 г., Британски совет со задоволство ви најавува дека на праг е да започне најновото издание на „PlayUK“!
„PlayUK“ е платформа на Британски совет за поддршка на креативноста во дигиталната уметност во Западен Балкан, со која ќе се понуди пристап до нови вештини и знаење, но и ќе се создаде и зајакне интеракцијата помеѓу уметноста и технологијата. Преку воспоставување врски меѓу практичарите на разни дигитални и уметнички дисциплини од Обединетото Кралство и земјите од Западен Балкан, со програмата на „PlayUK“ се истражуваат теми како програмирање, хардвер, игри и перформанси, теорија на игри, виртуелна реалност, вештачка интелигенција, анимација, имерсивни медиуми, креативно програмирање, наративен дизајн и други дигитални практики во уметноста, и се создава уникатен мост помеѓу креативците и ИКТ секторот.
Ова издание, особено задоволство ни претставува соработката со Мари Фулстон, креативна продуцентка којашто е наградувана за радикални изложби, видеоигри, инсталации и дигитални проекти, и којашто дизајнираше интересна и инспиративна програма за професионалците од оваа индустрија и за дигиталните ентузијасти. Во 2019 година, таа е прогласена за една од стоте највлијатени жени во гејминг индустријата. Мари има работено како кураторка за видеоигри за „V&A“, којшто е водечки светски музеј за уметност, дизајн и перформанси. Таа може да се пофали со резиме кое содржи долгогодишна соработка со престижни студија за создавање видеоигри, како што се „Nintendo“ и „Naughty Dog“, како и нејзиниот неодамнешен работен ангажман како кураторка на дигиталната изложба „Videogames: Design/Play/Disrupt“, којашто се најде на насловните страници од медиумите.
Благодарение на стручното мислење и иновативноста на Мари, претстојното издание на „PlayUK“ ќе понуди разнолика програма која ќе ги користи предностите на онлајн медиумите. На секои две недели ќе одржуваме онлајн работилници за професионален развој, или како што милуваме да ги нарекуваме „салони“. Оваа година, за првпат ќе ја претставиме програмата за менторство, наменета за менторите од Обединетото Кралство и учесниците од земјите од Западен Балкан, којашто ќе претставува единствена можност тимовите да ги развиваат проектите во соработка со некои од најдобрите британски професионалци за игри. „PlayUK“ ќе кулминира со специјална онлајн изложба напролет, во 2021 година, на која ќе бидат претставени резултатите од програмата за менторство, како и дополнителни видеоигри за љубителите на видеоигрите и дигиталната уметност.
Се надеваме дека со нашата динамична програма повторно ќе поттикнеме размена на идеи и практики помеѓу Обединетото Кралство и Западен Балкан; дека ќе ѝ овозможиме на заедницата која создава видеоигри возбудлив процес на учење, менторство и можности за вмрежување; како и дека ќе поттикнеме соработка помеѓу уметниците и професионалците од ИКТ секторот, и како и секогаш, ќе ѝ доближиме на публиката уште едно ново искуство.