PlayUK се врати! ! Придружете ни се на 28 октомври, среда, на промоцијата на новите целосно дигитализирани серии на „PlayUK“, како и на првиот од професионалните салони кои ќе се одржуваат на секои две недели.

На првиот салон ќе ни се придружат создавачите на новата шармантна логичка авантуристичка игра „I Am Dead“, познати и како создавачи на игрите „Hohokum“ и „Wilmot’s Warehouse“. Рики Хагет, Кетрин Џонсон и Ричард Хог ќе зборуваат за создавањето на мистериозниот остров Шелмерстон и неговите жители, како и за предизвиците при создавањето и издавањето видеоигри во 2020 година.

За време на настанот ќе објавиме и дополнителни информации за претстојната дигитална програма, за програмата за менторство и за говорниците на салоните.

PlayUK 20/21 е разиграна и инспиративна дигитална програма што обединува креативци кои работат во индустријата за игри од Велика Британија и Западен Балкан. 

Говорници

  • Кетрин Џонсон, писателка
  • Рики Хагет, дизајнер на видеоигри
  • Ричард Хог, дизајнер на видеоигри
Ricky Hagget, Catherine Johnson, Richard Hogg

Ричард Хог, дизајнер на видеоигри

Ричард Хог е уметник и дизајнер на видеоигри. Тој е искусен уметник кој се занимава со фината уметност и илустратор. Последниве 12 години фокусиран е на создавање видеоигри во соработка со Рики Хагет („Hollow Ponds“), а од соработката произлегоа пет игри меѓу кои и „Hohokum“, „Wilmot’s Warehouse“ и „I Am Dead“. Tие штотуку започнаа заедно да работат на нивната шеста видеоигра.

  • @dick_hogg

Кетрин Џонсон, писателка

Кетрин Џонсон има напишано преку 20 книги за млади читатели, вклучително „FREEDOM“ („СЛОБОДА“), којашто во 2020 година се најде на почесната листа на Меѓународниот одбор за книги за млади (IBBY / International Board on Books for Young People). Има пишувано сценарија за филмови, радија и телевизии, а во моментов работи на две телевизиски драми за „Силверпоинт Пикчерс“ („Silverprint Pictures“) - „SOUTHWARK“, чие дејство се одвива во Лондон за време на Тудорската династија, и „THE SHIFT“, модерна семејна драма.

Рики Хагет, дизајнер на видеоигри

Рики Хагет е основач и креативен директор на лондонското независно студио за видеоигри „Hollow Ponds“. Изминативе дванаесет години тој работи на голем број чудни и динамични видеоигри, честопати во соработка со уметници кои не ѝ припаѓаат на гејминг ингустријата. Дел од овие игри се „I Am Dead“, „Wilmot’s Warehouse“, „Hohokum“, „Loot Rascals“, „Frobisher Says“ и „Tenya Wanya Teens“. Основач е и на колективот за јавни гејминг турнири „Wild Rumpus“, којшто организира забави и настани поврзани со видеоигри.

Информации за играта

I Am Dead, Hollow Ponds & Richard Hogg, 2020

„I Am Dead“ е шармантна логичка авантуристичка видеоигра од создавачите на „Hohokum“ и „Wilmot’s Warehvouse“ во која се истражува задгробниот живот.

Морис Луптон е неодамна починат музејски кустос од островчето Шелмерстон, кој се сретнува со духот на неговото куче Спарки и открива дека на неговиот драг остров му се заканува катастрофа. За да го спасат местото што им беше дом кога беа живи, тие треба заедно да ги одгатнат древните мистерии на Шелмерстон и да ја спречат ерупцијата на вулканот.

Споделете на социјални мрежи