Каде завршуваат видеоигрите, а почнуваат виртуелните изложби?

Габриел Џенкс, директорка на дигиталниот сектор на Меѓународниот фестивал во Манчестер, ќе зборува за неодамнешниот дигитален проект „Your Progress Will Be Saved“ во рамките на фестивалот. Како дел од проектот, беше поканет прочуениот аватар-уметник ЛаТурбо Аведон да го обмисли и создаде новиот простор за културни настани „Тhe Factory“ („Д Фектори“) во рамките на „Fortnite Creative“ („Фортнајт криејтив“). Откако се отвори во јули 2020 г., овој простор го посетија преку 1 милион посетители, и тоа уште пред да се отвори неговиот пандан во „реалниот свет“. 

Габриел ќе нè воведе во концепцијата, реализацијата и започнувањето на проектот и со неа ќе ги разгледаме идните можности за видеоигрите, како и за културните институции и создавачите на игри и кураторите кои работат со нив. 

„Your Progress Will Be Saved“ е дел од „Fortnite Creative“, што е пак дел од една од најпопуларните видеоигри – „Fortnite“, и во играта може да се искуси преку кодот 1248-2128-4287.

Говорник 

Габриел е водечка уметничка директорка и кураторка со главен придонес во конвергираните области на уметноста, технологијата и креативноста. Пред да стане дел од Меѓународниот фестивал во Манчестер, таа беше директорка на фестивалот „Abаndon Normal Devices“ и работеше како кураторка на многубројни проекти на познати уметници, како Маршмалоу Лејзер Фист, Апичатпонг Верасетакул, Д Јес Мен и Џилиан Веринг.

Споделете на социјални мрежи