Изнаоблечете се, бидејќи тргнуваме кон мразовите и снеговите на Антарктикот со коосновачите на многупати наградуваното студио за видеоигри „State of Plaу“ („Стејт оф плеј“) – Кетрин Бидвел и Лук Витакер, кои ќе ни раскажат за создавањето на нивната најнова игра „South of the Circle“.
Играта „South of the Circle“ е објавена во 2020 г. на „Apple Arcade“ („Епл Аркејд“) и се работи за Питер, професор на Кембриџ, кој се бори да преживее на Антарктикот за време на Студената војна во 1960 година. Питер се сеќава на неговиот живот на универзитетот и на неговата врска со колешката Клара.
Оваа игра е за сеќавањата, борбата за опстанок и последиците од несоочувањето со минатото. За време на неговата борба со тешките услови и обидите за бегство, почнуваат да се бришат границите помеѓу минатото и сегашноста на Питер.
Говорници
● Кетрин Бидвел, коосновачка и директорка за развој („State of Play“)
● Лук Витакер, коосновач и креативен директор („State of Play“)