На пресекот на технологијата и имерсивната забава се среќаваат видеоигрите и возењата во забавните паркови. Дали знаете што им е заедничко на овие две области?
Придружете ни се на „PlayUK“ на 16 декември за да ѝ посакаме заедно добредојде на Аманда Џонсон-Бат, поранешна супервизорка за компјутерска графика во „Framestore’s Rides“ („Фрејмсторс Рајдс“). Аманда беше дел од дизајнерскиот тим којшто работеше на голем број наградувани и иновативни тематски забавни доживувања и возења ширум светот. Таа на иновативен начин ги применува новите технологии при создавањето имерсивни забавни искуства во реалноста.
За време на ова сесија, Аманда ќе нè воведе во дизајнот и развојот на некои од нејзините најнови проекти и ќе повлече паралела помеѓу видеоигрите и возењата во забавните паркови.
Говорник
Аманда Џонстон-Бат Супервизорка за компјутерска графика (претходно ангажирана од „Framestore“)