Кои се најдобрите практики и пристапи за градење влијателни и значајни партнерства, без разлика дали станува збор за креативец или компанија?
Сара Брин е продуцентка чија работа ги обединува уметноста, новите технологии и видеоигрите. Во моментов работи како виша надворешна продуцентка во британското студио „Медиа Молекул“ („Media Molecule“), а неодамна беше и директорка за деловен развој во „Мјау Волф“ („Меow Wolf“) (компанија за имерсивни искуства). Таа со својата работа придонесе да се изградат нови креативни партнерства и ги водеше интердисциплинарните тимови на динамичните хибридни проекти, кои опфаќаа видеоигри, инсталации и изложби. Придружете ѝ се на 13 јануари, кога таа ќе ни зборува нејзината работа и ќе нè упати на кој начин најдобро може да се изградат креативни партнерства во областа на видеоигрите, уметноста и технологијата.
Говорник
Сара Брин
Сара Брин е виша надворешна продуцентка во „Медиа Молекул“. Има магистрирано на Универзитетот во Јужна Каролина и дипломирано на Универзитетот „Брандес“. Сара има работено како програмски водич на програмата „Аутодеск Пиер 9“ („Autodesk Pier 9“), како директорка за деловен развој во „Мјау Волф“ (компанија за имерсивни искуства) и како раководителка на истражувачки проект на Европската Унија. Нејзиниот интерес за истражување е насочен кон новите технологии, видеоигрите кои ги создаваат уметници и инклузивните јавни простори. Сара е добитничка на меѓународната стипендија за креативни продуценти („Creative Producers' International“), поддржана од „Плејабл Сити“ („Playable City“) и „Вотершед“ („Watershed“), и е стипендистка на Факултетот за односи со јавноста „Лускин“ при Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (УЦЛА).
Повеќе за нејзината работа може да дознаете на: www.sarahbrin.com.