„PlayUK“ ги поддржува креативците од сите земји од Западен Балкан кои сакаат да ја унапредат нивната кариера во гејмерската индустрија. Со задоволство ве известуваме дека во рамките на „PlayUK 20/21“ ќе се реализира новата програма за менторство во 2021 година.
За време на тримесечната програма, која ќе започне во јануари, 10 креативци кои се на почетокот од својата кариера во гејмерската индустрија ќе имаат можност да работат со избрани ментори - експерти од оваа индустрија во Обединетото Кралство.
За учесниците во програмата предвидени се индивидуални менторски сесии, со времетраење во 8 часови, преку кои тие од менторите ќе добијат поттик да ги идентификуваат нивните цели, амбиции, развојни потреби и да истражат како да ги остварат. Во рамките на програмата ќе се одржи и динамичен настан за вмрежување на којшто учесниците ќе имаат можност да ѝ ја претстават својата работа на публиката ширум светот.
Пријавувањето може да започне! Покрај кандидатите од земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), може да се пријават и кандидати од земјите од поширока Европа (Ерменија, Азербејџан, Грузија, Израел, Казахстан, Русија, Турција, Украина и Узбекистан) од кои ќе се изберат најмногу тројца учесници.