Чипзел е алијас на Нив Хоустон, независна чип-музичарка од Северна Ирска.

Дали знаете што е чиптун?

Чиптун, исто така познат како чип музика, е стил на синтетизирана електронска музика креирана со употреба на програмабилни звучни чипови за генерирање звук или синтисајзери во старите машини во аркадите, компјутери и конзоли за видеоигри. Чипзел користи„gameboys“ за да создаде енергични, мелодични танцови нумери. Преземајќи го оригиналниот 8-битен звук и манипулирајќи го со нешто френетично моќно, Чипзел сведочи дека луѓе од сите возрасти се свртуваат кон нивните стари денови со ретро игри.

Придружете ни се и дознајте за развојот на кариерата на Чипзел, за нејзината музика и за тоа како таа започна да создава музика за видеоигри. Таа исто така ќе сподели со вас и совети како да се вклучите во индустријата за игри.

Споделете на социјални мрежи