Придружете ни се на професионален разговор со Џоди Азар и дознајте како со спојување на повеќе световите може да направите подобри игри.

ЏОДИ АЗАР – ИЗВРШНА ДИРЕКТОРКА | ДИРЕКТОРКА ЗА ИГРИ ВО ТИЗЛКЕТ ГЕЈМС

Џоди е извршна директорка на „Teazelcat Games“, студио за создавање инклузивни игри која во моментов го развива нивниот најнов необјавен деби наслов.

Претходно таа помина една деценија работејќи како технички уметник во различни студија за развој на игри, последно како техничка и уметничка директорка за франшизата „Total War“ во „Creative Assembly“.

Таа е наградувана за својата работа. Во 2019 година беше претставена како една од 100-те највлијателни жени во индустријата за игри во Велика Британија, а во 2016 година беше една од „откритијата во Британија“ на наградите БАФТА.

Таа е една од основачите на движење за расна еднаквост и инклузија „People of Colour in Play“, чија цел е да се осврне на недостатокот на застапеност и вклучување на луѓе од различни потекла во индустријата за видео игри во Велика Британија. Таа исто така работи како „Амбасадор за СТЕМ“ за да инспирира идни генерации на можни креатори на игри.

Користејќи го нејзиното претходно искуство како технички и уметнички директор и сега како раководител на независни игри, Џоди ќе се осврне на тоа како развивачите можат да користат различни вештини и начини на размислување за да ги креираат техничките и уметнички карактеристики на видео игрите, да заштедат време и да создадат подобро искуство за корисниците на игрите.

Ајде да слушнеме повеќе што ќе каже:

Споделете на социјални мрежи