На оваа сесија, сценаристот и режисер Џон Мекелан ќе нурне во неколку клучни сцени од неговата победничка игра на БАФТА за најдобра британска игра „Набљудување“, во која ќе зборува за првичните идеи, концептите и продукцијата. Секоја сцена се осврнувана различен аспект на градењето на играта, од процесот на пишување, перформансите, техничкиот дизајн и крајното приспособување. Оваа сесија ќе биде корисна за секој што има интерес за високо-квалитетна продукција на инди игри и експериментален наративен дизајн.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ГОВОРНИК, ЏОН МЕКЕЛАН
Џон е основач и креативен директор на студиото за игри „No Code“ со седиште во Глазгов. По многу години во студијата за развој на игри како „Alien: Isolation“и„Red Dead Redemption 2“ Џон го основа„No code“во 2015 година како тим од 2 лица заедно со пријателот и соосновач Омар Кан. Сега тимот брои 14 лица, со 3 издадени игри и неколку награди, вклучувајќи ја и наградата БАФТА за „Најдобра британска игра“ за нивниот последен наслов „Набљудување“. Како нова британска ѕвезда за 2016 година (според БАФТА) Џон работел со својот тим за да ги креира најпродаваните наративни игри, ценети од критиката и фалени за нивната добро реализирана атмосфера, привлечни наративи и изведба, како и иновативна и возбудлива игра. Во 2020 година, тимот уште се проширува и се подготвува за нивниот најголем, највозбудлив проект до денес.