PlayUK 2020 е серија на дигитални онлајн настани на кои сите се поканети да дознаат сè за сцената во Велика Британија и да се поврзат со професионалци од индустријата за игри. Во текот на следниве пет месеци ќе организираме месечни сесии во живо на кои може да се вклучи секој што има интерес за индустријата за игри и за креативната економија.
Вредноста во инди уметноста
Во оваа сесија, Лу Насименто ќе нè поведе низ уметничкиот процесот на создавање на вашите инди игри, додека завршува пикселизиран уметнички елемент. Без оглед на големината на тимот, конципирањето и документирањето на вашата уметничка работа се важни. Ќе научите како најдобро да ја користите уметноста што ја создавате и како да ги пренесувате информациите до вашиот тим без оглед на временските зони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ЛУ!
Лу е ко-основачка и уметничка директорка на „Банихаг гејмс“ (Bunnyhug Games). Во текот на нејзината кариера работела на различни проекти во повеќе својства, како на пример во Wargroove, Timespinner и Assemble with Care. Откако ја доби наградата Creative Impact во 2019 година од MCV WIG за жени во индустријата за игри, таа продолжува да го нуди најдоброто од пикселизираната уметност и илустрацијата во игрите.