Доколку сте развивач на игри и сакате да ги подобрите вашите вештини, не пропуштајте го фестивалот PlayUK!

PlayUK 2020 ќе се одржи помеѓу 20 и 26 јануари во Белград. На овој фестивал ќе имате можност да присуствувате на работилници и предавања на водечки независни британски студија и професионалци – бесплатно! Ќе имате можност да ги подобрите вашите вештини за раскажување, UI/UX дизајн, уметност, програмирање и други полиња, како и да се запознаете со најновите трендови на гејмерската сцена во Велика Британија и да запознаете колеги од регионот! 

Британскиот совет, во партнерство со Нордеус Хаб и СГА (Српско здружение за игри) ги поканува развивачите на игри, дигиталните уметници и креативците од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора) да се пријават и да учествуваат на PlayUK. Ќе понудиме до пет места за делегатите од секоја земја. За возврат, од вас бараме креативност, идеи, стручност и професионална амбиција за зајакнување на атмосферата за учење на нашите сесии за вмрежување и едукација. Ќе поканиме и до 5 делегати од поширокиот регион на Европа и Централна Азија (Турција, Украина, Русија, Казахстан, Узбекистан, Грузија, Ерменија, Азербејџан). 

Пријавете се за креативната недела (20-25 јануари) во Нордеус Хаб во Белград, а ние ќе ги организираме и ќе ги покриеме трошоците за вашето патување, сместување и оброци. Заедно, ќе ги подигнеме вашите проекти на повисоко ниво! 

*** 

PlayUK е платформа на Британскиот совет за поддршка на креативноста во дигиталната уметност, која нуди пристап до нови вештини и знаење, како и зајакнување на врската меѓу уметноста и технологијата. Создавајќи врски помеѓу секторите за уметност и ИТ, и поврзувајќи ги професионалците од Велика Британија и Западниот Балкан, PlayUK истражува теми како што се програмирање, игри, виртуелна реалност, подобрена реалност, анимација, интерактивен и наративен дизајн.