Овој проект ја раскажува приказната за одржлив дизајн, нула отпад и покажува како текстилниот отпад се претвора во уникатни креации. Неколку млади дизајнери, Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова, Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева подготвија колекции-капсули направени од текстилен отпад и го завршија проектот под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гости од Велика Британија – талентираната дизајнерка Ана Скодбо која работи за брендот "Phannatiq" и една од водечките британски стилистики Ребека Рој.

Се здруживме во оваа особено важна иницијатива затоа што модната индустрија е втората економска гранка во светот, а со подемот на концептот за брза мода станува еден од главните виновници за загрозување на животната средина. Брза мода е современ израз што ја користат модните продавници за да се искаже дека дизајните брзо се движат од модната писта за да ги доловат тековните модни трендови. Резултат на брзата мода е тоа што околу 40% од купената облека се носи ретко или никогаш – во просек, облеката се носи само 3,3 пати во текот на животот – а околу една третина од облеката во малопродажба никогаш не се продава и затоа се пали или уништува на друг начин. Затоа брзата мода создава огромни количества отпад. Со овој проект сакаме да и дадеме втор живот на облеката и да ја цениме туѓата работа. Модата има моќ да предизвика позитивни промени, да создаде мерки против сегашните штетни системи.

Гостинките Ребека Рој и Ана Скодбо, кои работат на одржлива мода долго време, им ги покажаа на дизајнерите техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство со нула отпад, вегански материјали и етички услови на производство. Ребека и Ана, исто така, се погрижија и за оваа фотосесија. 

КЛУЧНИ ДАТУМИ

Photo shoot FWSK
Photo: Ani i Dimi | Video: Dimitar Petrovski | Montage and style: Marina Trajkovska | © copyright Fashion Weekend Skopje in partnership with British Council

14 октомври 2018

Модна презентација на првиот дел од проектот во центарот на текстил Штип.

30 октомври – 1 ноември 2018

Фото и видео снимање, каталог под менторство на Ана Скодбо и Ребека Рој: „Одржлива приказна“ со акцент на подобрување на еколошката и хуманитарната одржливост. Активности за врмежување, размена на знаења и техники. Перформанс со куратор, изложба, фото и видео за одржлива приказна за колекциите создадени за време на Модниот викенд Скопје. 

2 ноември 2018

Модна инсталација во рамки на Моден викенд Скопје, хотел „Мериот“.

Претходни настани

Ребека Рој беше во Северна Македонија во 2014 г. и работеше со Моден викенд Скопје како поддршка на дигиталната промоција на индустријата преку петдневна работилница за модни блогови и фотоградија за 24 локални модни блогери и фотографи. Ребека организираше и изложба на фотографии како и изложба на фотографии од нашата програма ИФС (The International Fashion Showcase (ИФС) се воспостави во 2012 г. како платформа за новите модни дизајнери да можат да ја изложат својата работа за време на Лондонската модна недела).

Во 2015-16 работевме на проект за „модно и културно наследство“ со Моден викенд Скопје, што истражуваше како тие се меѓусебно поврзани, преку работилница и изложба наречена „Свадбени приказни“. Колекцијата и целата програма на МВС се одржа во Музејот на Северна Македонија со користење на етнографската колекција како соодветна позадина. Дизајнерите редовно црпат инспирација за нивните нови колекции од културното наследство и работата од порано.

Споделете на социјални мрежи