Со задоволство објавуваме отворен повик за онлајн програмата за учење „Поддршка на креативната економија“ за сите професионалци коишто работат во културните и креативните индустрии и се заинтересирани за развој на политики. Периодот за пријавување започнува на 13 јуни 2022 година, а завршува на 8 јули 2022 година во 12:00 часот (GMT+1).
За програмата
Поддршка на креативната економија: програма за креатори на политики е деветнеделна, имерзивна онлајн програма за самостојно учење, којашто е наменета за професионалци од секторот коишто работат во културните и креативните индустрии. Програмата е отворена за учесници од Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Казахстан, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Украина и Узбекистан. Таа ќе им помогне на професионалците да ја разберат креативната економија, така што ќе им обезбеди увид, студии на случај и практично знаење заради информирање на нивните активности за развој на политики. Програмата ќе им понуди на учесниците нови идеи и алатки за поддршка на креативните и културните индустрии во нивниот град/регион/земја, а ќе ги прошири и нивните професионални мрежи во Обединетото Кралство, но и на меѓународно ниво.
Онлајн програмата ќе трае девет недели помеѓу 25 јули и 25 септември 2022 година и ќе биде проширена со три сесии во живо за учесниците коишто ќе бидат вклучени во вмрежување со колеги и прекугранична идеација. Ниту еден од модулите нема да трае подолго од два часа, вклучувајќи ги основната содржина и активностите за учење.
Учесниците коишто целосно ќе ја завршат програмата ќе добијат сертификат за завршување од Британскиот совет и Cultural Associates Oxford. Програмата можете да ја погледнете овде.
За повеќе информации, можете да нè контактирате на arts.info@britishcouncil.org