Британскиот уметник Грејсон Пери (1960) е роден во Челмсфорд во Есекс, а сега живее и работи во Лондон. Користи традиционални медиуми како што се таписериите, керамиката и графиката со цел да ја истражи својата фасцинација со современите општествени прашања и често провокативните теми како што се религијата, полот, политиката, класите и идентитетот. Пери е еден од најпознатите современи британски уметници и до сега имал прилика да ги изложи своите дела на големи самостојни изложби низ целиот свет, како што се: Бонефантенмузеум во Мастрихт, и Арос Архус Музејот за современа уметност (2015-2016), Музејот за современа уметност во Сиднеј (2015), Британскиот музеј во Лондон (2011), Музејот за современата уметност на 21 век во Каназава во Јапонија (2007), Музејот Енди Ворхол во Питсбург (2006), галеријата Барбикан во Лондон (2002) и Музејот Стеделијк во Амстердам (2002).
Запознајте го Грејсон Пери

Richard Ansett

Грејсон Пери во 2003 година ја освоил најпрестижната британска награда, Тарнеровата Награда која се доделува за современа уметност. Наградата ја преземал облечен како жена, неговото алтер его „Клер“, покажувајќи го својот интерес за идентитетот, кој исто така е присутен во неговата уметност. Оттогаш, тој станал сакана и популарна фигура која води телевизиски програми и радио емисии, покрај изложувањето на своите дела, и отворено и искрено зборува за вредноста на уметноста во општеството.
Споделете на социјални мрежи