Овие шест таписерии ја раскажуваат приказната за општествената мобилност во Велика Британија во 21 век преку животот на Тим Рејквел. Човек кој потекнува од работничката класа, спечалува пари и се жени во семејство од средната класа. Подоцна, доживувајќи ги финансиските потешкотии на високата класа, неговиот живот завршува прерано. 

Таписериите на Пери директно се поврзани со циклусот уметнички слики „Животот на развратник“ на британскиот уметник Вилијам Хогарт (1697-1764), кои се изложени во Музејот „Сер Џон Соан“ во Лондон. Осумте уметнички слики во циклусот на Хогарт ја раскажуваат приказната на Том Рејквел, младич кој наследува богатство од неговиот татко и истото го троши непромислено. Том се жени поради пари, го прокоцкува и второто богатство со кое се стекнува и е фрлен во затвор поради неговите долгови и на крајот, неговиот живот го завршува во лудница. 

Таписериите на Пери оддаваат почит на сликарството од раната ренесанса, еден од неговите омилени уметнички периоди. 

Во овој дел