„Поклонување на борците во кафезот“ е првата таписерија. Во центарот на приказот е Тим, бебе во мајчините раце, како модерна интерпретација на уметничката слика „Богородица со детето“ од христијанската иконографија. Оваа сцена е поставена во дневната соба на прабабата на Тим, наместена со старински мебел, тапети, завеси и тепих. Тим се обидува да го привлече вниманието на својата мајка, посегнувајќи кон паметниот телефон со кој таа е преокпирана. Мајка му делува како да е дотерана за да излезе со своите четири пријателки кои ја чекаат, како што е прикажано на десната страна од таписеријата. 

Двајца ентузијасти за мешовити боречки вештини, т.н. борци во кафези, клечат пред Тим и неговата мајка нудејќи му на детето икона од племенскиот идентитет: фудбалски дрес и рударска лампа. Во стилот на ранохристијанското сликарство, Тим повторно се појавува на скалите, како четиригодишно дете. 

Оваа сцена се повикува на „Поклонување на пастирот“, слика на италијанскиот ренесансен уметник од 15 век, Андреа Мантења. 

 

Споделете на социјални мрежи