Пери инспирацијата за оваа таписерија ја добил за време на посетата во Сандерленд, град во североисточниот дел од Англија познат по својот фудбалски тим, град чии жители претежно се припадници на работничката класа. Во позадината на приказот, се гледаат посиромашните делови од градот, станбени блокови и индустриското подрачје: кран во бродоградилиште кој наликува на крст.
Во фокусот на сцената е очувот на Тим, пејач во ноќен клуб кој искрено ги искажува своите чувства додека неговата мајка молежливо му клечи под нозете. Поставеноста на нивните тела потсетува на фигурите од сликата „Христовото распнување“ од Матијас Грунвалд, т.н. Исенхајмска олтарска слика од 15 век. Тим сега е тинејџер, во училишна униформа и ги покрива своите уши, пропаѓајќи во земја од срам. Компјутерот кој ѕирка од неговиот ранец укажува на неговиот интерес за технологија кој подоцна ќе го одбележи неговиот живот.
Алудирајќи на посреќните времиња од детството на Тим, на левата страна од таписеријата се гледа Тим како дете, играјќи си со таткото на неговиот очув.