Оваа сцена го прикажува Тим како студент по информатика. Тим го напушта неговиот дотогашен живот со мајка му и неговиот очув и оди во Танбриџ Велс, богат град во југоисточниот дел на Англија, каде го пречекуваат родителите на неговата девојка, припадници на вишата средна класа. Пери го посетил Танбриџ Велс како дел од истражувањето пред создавањето на оваа таписерија; изборот на ентериер во оваа сцена го одразува доминантниот вкус на средната класа во овој регион.
Изразите на лицата на Тим и неговата девојка асоцираат на фреската „Прогон од рајот“ на италијанскиот раноренесансен уметник Мазачо, од 15 век. Обајцата, како и библиските Адам и Ева, делуваат како виновници, оставајќи зад себе кавга со очигледно исфрустрираните родители, и преминувајќи низ виножито одат на културна вечера во семејната куќа на девојката на Тим.