Уметникот црпи инспирација за оваа таписерија од посетата во југоисточна Англија која наводно има најголем просечен приход по домаќинство во Велика Британија. Трпезариската маса во центарот од таписеријата претставува мртва природа, мотив составен од предмети кои ја прикажуваат буржоаската благосостојба на Тим: органски зеленчук, француска преса полна со кафе, бокал со свежи цвеќиња и домашен џем. Бизнисот за компјутерски софтвер на Тим бил многу успешен, и насловите на весниците на масата и iPad-от објавуваат дека Тим ја продал својата компанија за огромна сума на пари.

Во фокусот на сцената е деловниот партнер на Тим кој, стоејќи во жолта облека, носи добри вести. Овде Пери реферира на три различни слики од 15 век на библиската тема благослов. Зеленчукот асоцира на „Благословот“ на Карл Кривели, изразот на лицето на колегата на Тим асоцира на приказот на Матијас Грунвалд, а бокалот со свежи лилјани на приказот на Роберт Кампин. Централното конвексно огледало и расфрлените обувки се мотиви кои укажуваат на статус и богатство, а како такви се употребени во „Портрет на Арнолфини“ на Јан ван Ајк.

Споделете на социјални мрежи