Тим и неговата сопруга сега живеат надвор од градот и шетаат низ пространите ливади околу својата вила во Котсволдс, идилично подрачје во јужниот дел на централна Англија. Оваа сцена потсетува на прочуената слика „Господин и госпоѓа Ендрјуз“ од британскиот уметник Томас Гејнсбороу, од 18 век, во која овој пар го прикажува својот имот. Позади нив има даб кој симболизира стабилност и континуитет, а на нивната лева страна има снопови од пченка кој ја симболизираат плодноста.

Еленот во средината на сцената ја претставува високата класа или аристократите од таа област во Англија. Пери прикажува колку оваа општествена група е оптеретена со високи даночни стапки; а закрпените делови на телото на еленот обвиткано во твид, покажува дека тие со тешки маки ги одржуваат своите стари куќи и традиции. И Тим се соочува со проблеми, како богаташ тој го привлекува вниманието на луѓе кои протестираат против општествената нееднаквост, прикажани како кампуваат пред неговата куќа.

Споделете на социјални мрежи