Додека ја создаваше изложбата „Суетата на малите разлики“, Грејсон Пери пронаоѓаше инспирација од многу уметници. Најголемата инспирација, сепак, ја пронајде во сликите од циклусот наречен „Животот на развратник“ на уметникот Вилијам Хогарт (1733), кои се дел од изложбата.
Што го инспирирало уметникот?

Осумте слики од циклусот на Вилијам Хогарт „Животот на развратник“ (1773) ја раскажуваат приказната на Том Рејквел, младо момче кој тргнува по патот на пороците и самоуништување откако наследува богатство од својот скржав татко.
Оригиналните слики се наоѓаат во лондонскиот музеј „Сер Џон Соан“, но многу музејски збирки содржат отпечатоци од овие гравури; кои служеле како инспирација на врвните британски уметници, како што се Дејвид Хокни и Грејсон Пери.
Хогарт е најпознат по делата „Современи морални теми“ низ кои го критикува современото општество. „Животот на развратник“ е создаден по многу успешната серија „Кариерата на една проститутка“ (1730). Во приказната за развратникот, младичот е жртва на заводливите ефекти од конзумеризмот на 18 век. Богатството кое го наследил од својот татко го троши на уметнички дела, музика, жени и други интереси на господата од тоа време. Подоцна се оженил со постара богата жена и откако го прокоцкал и нејзиното богатство, Том завршува во затвор, го губи својот разум, и трагично ги преживува своите последни денови во психијатриската болница Бедлам.