Во програмата може да се вклучат сите основни приватни и државно финансирани училишта во Македонија. 

Откако ќе ги добиеме онлајн формуларите за пријавување, комисија составена од претставници на Британскиот совет и Министерството за образование и наука ќе ги оцени пријавите и ќе селектира десет училишта кои ќе учествуваат во програмата.

Критериумите за селектирање на училиштата се однесуваат на:

  • постоење технички и човечки капацитети во училиштата што ќе овозможат воведување и вградување на основните вештини во образовниот процес на ученицит
  • постоечки училишни практики при развојот на основните и вештините за програмирање во образовниот процес на учениците
  • постоечки активности за континуиран професионален развој на наставниците во однос на основните вештини
  • големината на училиштето – ова се однесува во контекст на способноста на училиштето да ги спроведува програмските содржини првично во самото училиште, а потоа и надвор од него со другите училишта во околината, преку пристап кој ќе овозможи взаемно учење и потпомагање при учењето.   

Веднаш по завршување на процесот на селекција, директорите и наставниците од десетте селектирани училишта во период од два месеци ќе добијат обука за тоа како да ги воведат двете основни вештини (Критичко размислување и решавање на проблеми и Дигитални вештини) во образовниот процес на учениците. Селектираните училишта ќе добијат 30 микро:бит уреди и обука за нивно користење во процесот на образување. 

Процесот опишан погоре ќе ја поттикне реализацијата на програмирањето во секое училиште-учесник, ќе овозможи пристап до ресурси подготвени од страна на програмските партнери, како и вмрежување на училиштата на државно и регионално ниво. Со ова, на училиштата ќе им се даде можност да дадат и свој придонес кон програмата „Нови технологии во образованието“ која ќе се одржи од 7 до 9 јуни 2018 година, но и да учествуваат во натпреварот „Училишта од 21 век“ преку демонстрирање на ефективна имплементација на програмата.