Претставници од министерствата за образование на земјите од Западен Балкан на Светски образовен форум
Светскиот образовен форум се одржува од 19 до 22 јануари во Лондон каде 1200 делегати од 112 земји дискутираат за промени и реформи во образованието. Британскиот совет имаше задоволство да ги придружува претставниците од министерствата за образование на земјите од Западен Балкан.
Во текот на првиот ден од форумот, претставниците на PISA одржаа силен говор во кој ги презентираа наодите од нивните истражувања. Некои од заклучоците се однесуваат на тоа колку е клучно децата да научат вештини за критично размислување и решавање на проблеми за да бидат целосно успешни во општеството во иднина. Беше речено дека: „Во минатото децата имаа по еден учебник за секој предмет што значи само еден извор на информации, а денес има многу извори на информации кои децата можат да ги користат. Работа на наставниците е да ги научат како критички да ги анализираат достапните информации и да користат повеќе перспективи истовремено.“Истражувањето покажа дека на наставниците им недостасува ентузијазам и мотивација, на што образовните системи треба да поработат. Исто така, родителите и корпоративниот сектор сакаат да бидат повеќе вклучени во процесот.
На маргините на настанот министрите од Западен Балкан одржаа состанок со британскиот министер за Европа, Кристофер Пинчер, за да го обележат успехот на програмата Училишта на 21-от век и да разговараат за важноста на дигиталните вештини и образованието во 21-от век.
За време на состанокот министерот Пинчер ја посочи посветеноста на Објединето Кралство кон подобрување на дигиталните вештини и образованието во Западен Балкан со цел да се осигури дека децата се подготвени за дигиталните предизвици во следните генерации како што регионот продолжува да се стабилизира.