„Училишта од 21 век“ им нуди поддршка на основните училишта кои учествуваат на повеќе начини, обрнувајќи внимание на потребите на раководителите на училиштата, наставниците и самите ученици.

Обука и поддршка на раководниот тим на училиштата

Овој дел од програмата им овозможува на раководителите на училиштата да добијат обука и поддршка за понатамошно развивање на нивните раководни и лидерски вештини за ефикасно да управуваат со училиштата, како и да ги интегрираат и да ги вметнат дигиталните и основните вештини во постоечкиот национален наставен план и програма.Раководителите имаат можност да работат заедно со своите колеги раководители и да разменат информации за тоа како да ги решаваат проблемите кои произлегуваат од брзите промени во технолошката, економската и општествената средина.

Обука и поддршка за наставниците

Организиравме две обуки занаставниците од сите училишта кои ќе учествуваат:

Критичко размислување и изнаоѓање решенија на проблеми

За да можат наставниците да научат како да го подобрат самостојното размислување и учење кај учениците, што ќе доведе до нови и иноватнивни идеи. Подготвивме висококвалитетна програма за обучување на наставниците која опфаќа: како тие да го насочат критичкото размислување кај учениците, како да поставуваат отворени прашања и како да обезбедат повратни информации кои би им овозможиле на учениците да ги решат проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Дигитални вештини

За да можат наставниците да ги разберат основните концепти и практики на дигиталната писменост и да научат како нив да ги вметнат во наставниот план и програма. Тие се обучуваат да им помогнат на учениците да ги сфатат дигиталните алатки и истите ефективно да ги користат при учење, комуникација и соработка, како и при пронаоѓање, евалуација и анализа на информации. Во текот на обуката, наставниците добиваат ресурси и алатки.

Ресурси за развој на дигиталните вештини кај учениците

Преку програмата, училиштата кои учествуваат имаат пристап до: 

Микро: бит

Микро: бите џебен компјутер за кодирање, со детекција на движење, вграден компас и Bluetoothтехнологија, кој бесплатно го добива секое училиште кое учествува во оваа програма. Комјутерите се специјално дизајнирани за на учениците да им пружат основно ниво на вештини и самодоверба во своите компјутерски способности и кодирање. Преку програмата „Училишта од 21 век“ секое училиште кое учествува добива одреден број микро:бит компјутери кои ќе ги користат учениците во ИКТ училниците и при изучувањето на други предмети. Компјутерите ги обезбедивме во соработка со Микро:бит Фондацијата за образование.

Ресурси за клубовите за кодирањ

Како дел од програмата, училиштата кои се вклучени добиваат ресурси за тоа како да формираат и да стават во функција клубови за кодирање, како да се вклучат во меѓународни натпревари за кодирање и други активности кои ги спроведуваме во соработка со други организации и компании.

 Дополнителни ресурси

Училиштата кои учествуваат во оваа програма ќе бидат поканети да ги испробаат и истестираат новите производи и услуги кои ги нуди Британскиот совет и останатите партнери вклучени во оваа програма. Ова може да бидат апликации, веб-страници или други иницијативи.  

Вмрежување

Со програмата се предвидува размена на искуства и позитивни практики помеѓу сите училишта кои се дел од мрежата на „Училишта од 21 век“. Вмрежувањето вклучува соработка со училиштата од матичната држава и други држави од регионот на Западен Балкан. Сите училишта се поканети да се вклучат во програмата на „Нови технологии во образованието“, годишниот настан кој го организираме во Белград. Примери за вмрежување се меѓу школските клубови за кодирање и можноста за придонес во дискусиите насочени кон политиките на национално и регионално ниво.   

Hагради за училиштата

Училиштата кои според сопствената евалуација и валидација од страна на Британскиот совет, ќе претстават ефикасен начин за спроведување на програмата, ќе имаат можност да  се квалификуваат за Наградата „Училишта од 21-от век“. Добитниците ќе бидат објавени на настанот „Нови технологии во образованието“ во јуни 2018.