Ги каниме обучувачите од Западен Балкан кои имаат искуство со тренинг на наставници, да им се придружат на обучувачите за основни национални вештини на проектот на Британскиот совет во Западен Балкан „Училишта на 21-от век“. Избраните кандидати кои ќе бидат селектирани преку процес на евалуација, ќе добијат пристап до широк спектар на материјали за подучување од страна на Британскиот совет кои ќе можат да ги користат при обуката на наставници во избраните основни училишта од нивната земја. Фокус на програмата е интеграција на основните и програмерските вештини во редовната настава и воннаставните активности.

Прочитајте повеќе на линковите подолу и пријавете се тука. Крајниот рок за пријавување е 25-ти април, 17.00 часот. Доколки имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте не.

  • National core skills Trainers (Adobe PDF 227KB)
  • Response to request for proposal (Microsoft Word 20KB)