Во современото живеење способноста за критичко размислување и кодирањето се едни од најзначајните вештини на 21 век. Децата активно учат врз основа на љубопитност и интерес, но потребно е да се поттикнуваат да поставуваат прашања, да најдат постапки за решавање на проблемите кои се базирани на докази и проверени извори на информации. Тие често прашуваат, што ако, зошто така... и со тоа внесуваат различни пристапи на гледање на случувањата. Различните перспективи овозможуваат сеопфатно разгледување на зададен проблем и негово решавање. Не земањето предвид на различните перспективи често е причина за појава на конфликти помеѓу луѓето, а тоа често се случува и помеѓу членовите во семејството.
Вебинар 1: Вештини за 21 век и критичко размислување
Д-р БЕТИ ЛАМЕВА
М-р ТАЊА АНДОНОВА МИТРЕВСКА
ЈАСНА ЃОРГИЕВСКА
ОЛГА САМАРЏИЌ ЈАНКОВА
ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД ВЕБИНАРОТ
Презентацијата од вебинарот може да се најде тука.
Споделете на социјални мрежи