Целта на овој вебинар беше поттикнување на примената на кодирањето во другите наставни предмети со цел развивање на критичкото размислување и решавање проблеми што претставува една од главните вештини на 21 век. Во текот на вебинарот се зборуваше за кодирање на уредот „Микро:бит“ користејќи програмирање со блокови и нивно поврзување со линиско програмирање во програмскиот јазик Пајтон. Беа претставени можностите на самиот уред како и неговата примена во наставата. За таа цел беа разгледани и објаснети повеќе примери од различни наставни предмети кои можат да се применат за време на наставните часови согласно наставната програма.
ГЛЕДАЈТЕ ЈА СНИМКАТА ОД ВЕБИНАРОТ ПОДОЛУ, НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГОВОРНИЦИТЕ И ВИДЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ