Критичко размислување и решавање проблеми и кодирањето се едни од неопходните вештини за иднината. Помагаат во стекнување на разбирање и примена на логичките концепти и алгоритмите за полесно решавање на секојдневни проблеми. Стимулативна средина за учење во која учениците се чувствуваат слободни и се поттикнуваат да размислуваат, поставуваат прашања, истражуваат и да работат во тимови, без страв дека ќе направат грешки придонесуваат за развој на истите. Магијата на кодирањето постоела и кај нашите предци кои немале технологија, но применувале постапки кои лесно можат да се преточат во код.

 
ГЛЕДАЈТЕ ЈА СНИМКАТА ОД ВЕБИНАРОТ ПОДОЛУ, НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГОВОРНИЦИТЕ И ВИДЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ

д-р БЕТИ ЛАМЕВА

д-р БЕТИ ЛАМЕВА е раководител на Секторот за испити, ИТ и истражувања во Државен испитен центар и е национален координатор на меѓународните студии за мерење на постигањата на учениците: ТИМСС и ПИСА. Таа има повеќе од 20 години работно искуство во областа на ИТ и екстерната евалуација во образованието во земјава и надвор од неа. 

ОЛГА САМАРЏИЌ ЈАНКОВА

ОЛГА САМАРЏИЌ ЈАНКОВА во работниот век е вклучена во образованието од повеќе аспекти: како наставник, советник во Бирото за развој на образованието, раководител на компонентите за примена на ИКТ во наставата во три УСАИД образовни проекти и како претседател на организација за иновативна технологија во образованието.

ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД ВЕБИНАРОТ 

Презентацијата од вебинарот може да се најде тука.

Споделете на социјални мрежи