Предизвик за кодирање 2020
Предизвикот има за цел да ги опфати децата ширум државата и да ги инспирира младите да решаваат проблеми од секојдневниот живот во нивните училишта и нивната заедница со помош на компјутер. Предизвикот ќе се реализира со употреба на уредот „Микро:бит“ на Би-би-си, а од децата ќе се очекува да смислат проект кој ќе соодветствува со Целите за одржлив развој и да истражуваат решенија за проблемите од нивното секојдневие.
Предизвикот за кодирање 2020 е отворен за сите ученици на возраст од 10 до 15 години од училиштата коишто беа опфатени во вториот циклус од програмата „Училишта на 21-от век“. Списокот што ги содржи имињата на училиштата што имаат право на учество е содржан во Прилог 1 и може да го најдете во делот за симнување документи („Download“) на крајот од страницата. Натпреварот ќе се состои од два дела (онлајн и лице-в-лице) со цел да се изберат победниците од државниот натпревар по кодирање, коишто ќе добијат шанса за учество во регионалниот натпревар по кодирање.
Предизвикот за кодирање го организираме во соработка со Министерството за образование и наука.