„Училишта на 21 век“ нуди постојано менторство и вредни ресурси за зајакнување на способноста на директорите на училиштата, наставниците и креаторите на политиката. Сите основни училишта (ученици на возраст од 10 до 15 години) ќе добијат „Микро:бит“ уреди (џебни компјутери) кои ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен начин.

За да бидат конкурентни на глобалниот пазар на трудот, на учениците им се потребни вештини за решавање проблеми, критичко размислување, дигитална писменост и креативност. „Училишта на 21 век“ го поддржува развојот на младите луѓе во овие области со цел да изградат подобра иднина.

Во овој дел