Човештвото влегува во четвртата индустриска револуција и паметните технологии доведуваат до низа промени во економијата, пазарот на трудот и нашите животи. Образованието е начин децата да се подготват за предизвиците на новото време. Покрај класичните технички знаења од областа на информатичката технологија, работните места на 21 век ќе бараат нови знаења и нови вештини. Со дигиталната писменост, за напредокот на поединците и општествата, ќе биде потребно креативно, критичко и аналитичко размислување за решавање на проблемите.
Нашата програма – „Училишта на 21 век“ - е одговорот на ова барање. Да се учат децата на вештините потребни во 21-от век значи да се инвестира во нивната иднина, а со тоа и во иднината на економиите на Западен Балкан.
Нашата програма ќе им помогне на образовните системи во регионот на Западен Балкан, како и во најнапредните земји во светот, и ќе им овозможи на учениците да стекнат вештини кои во иднина ќе им обезбедат подобри можности за вработување и личен напредок. Со тоа што инвестираме во учениците сега, ние всушност инвестираме во нивната иднина.
Неодамнешни истражувања покажуваат дека повеќето работни места во иднина ќе бидат во брзорастечкиот ИТ сектор. Следејќи ги таквите показатели, нашата програма се фокусира на воведување на вештини кои работодавачите ги сметаат за пожелни во образовните системи: критичко размислување, решавање проблеми, креативност и тимска работа при изнаоѓањето решенија за секојдневните проблеми. Во соработка со сите образовни институции во земјите, сакаме да го поддржиме подобрувањето на наставните практики во училниците низ целиот Западен Балкан и преку развивање на вештините на младите луѓе да им обезбедиме подобри шанси за работа во иднина.