„Училишта на 21 век“ на различни начини им обезбедува поддршка на основните училишта кои се учесници во програмата, така што се осврнува на потребите на училишните лидери, наставниците и самите ученици.
Како програмата ги поддржува училиштата?

Обука и поддршка на училишните лидери
Овој елемент на програмата обезбедува обука и поддршка на училишните лидери дополнително да ги развијат нивните менаџерски и лидерски вештини за ефективно управување со училиштата и да научат како да интегрираат и вградуваат дигитални и основни вештини во постоечките национални наставни програми. Училишните лидери добиваат можност да работат со други врсници и да разменуваат информации за тоа како да ги решаваат проблемите во техничката, економската и социјалната средина која постојано се менува.
Обука и поддршка на наставниците
Изработивме два курса за наставниците од сите училишта кои учествуваат во програмата.
Критичко размислување и решавање проблеми
Обуката е развиена за наставниците да научат како да го подобрат самостојното размислување и учење на учениците што создава нови и иновативни идеи. Подготвивме висококвалитетна програма за учење за наставници која опфаќа теми како што се: како да се моделира критичкото размислување, како да се поставуваат отворени прашања и како да се даваат повратни информации кои им овозможуваат на учениците да ги решат нерутинските проблеми.
Дигитални вештини
Обуката е развиена за наставниците да се фатат во костец со основните концепти и практики на дигиталната писменост и да научат како да ги вградат во наставната програма. Наставниците учат како да им помогнат на учениците да ги разберат дигиталните алатки и како тие можат да се користат на значаен начин за цели на ефективно учење, комуникација и соработка, како и за лоцирање, оценување и анализа на информации. Посебно внимание и поддршка им се дава на наставниците по ИКТ. Во текот на курсот, наставниците добиваат ресурси и алатки.
Ресурси за развој на дигитални вештини на учениците
Преку програмата, училиштата добиваат пристап до:
Уреди „Микро:бит“
Уред „Микро:бит“е џебен компјутер со вграден компас и блутут технологија на кој може да се кодира и кој им се доделува бесплатно на сите основни училишта што учествуваат во оваа програма. Компјутерите се специјално дизајнирани да им овозможат на учениците да стекнат основно ниво на вештини и самодоверба во компјутерската писменост и кодирањето. Со „Училишта на 21 век“, секое училиште што учествува добива голем број на „Микро:бит“ уреди кои учениците ќе ги користат во училниците за ИКТ. Тие исто така можат ефикасно да се користат и за други училишни предмети како поддршка на учењето на учениците.
Ресурси за Клуб за кодирање
Како дел од програмата, училиштата учесници добиваат ресурси за тоа како да иницираат и да започнат Клуб за кодирање да се приклучат на меѓународни предизвици за кодирање и други активности кои ги спроведуваме во партнерство со други организации и компании.
Ресурси од трети страни
Во иднина, ќе ги поканиме училиштата кои учествуваат во програмата да тестираат нови производи и услуги од Британскиот совет, како и други партнери кои ќе се приклучат на оваа програма во иднина. Ова може да вклучува апликации, веб-страници и други иницијативи.
Вмрежување
Програмата предвидува размена на искуства и позитивни практики помеѓу сите училишта кои ја формираат мрежата на „Училишта на 21 век“. Ова вклучува соработка со училишта од истата земја и од други земји од Западен Балкан. Примерите за вмрежување вклучуваат меѓуучилишни Клубови за кодирање и можност да се даде придонес во дискусиите за политиките на национално ниво и на ниво на Западен Балкан.
Награди за училиштата
Училиштата ќе бидат поканети на национални и регионални натпревари за кодирање, каде што децата ќе можат да ги прикажат своите проекти и да освојат вредни награди.