Woman in a studio workshop image

Проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот на стручно образование и обука и образованието на возрасните" има за цел да придонесе за зајакнување на сеопфатен и интегриран систем за доживотно учење, со фокус на стручно образование и обука и образованието на возрасни, преку воспоставување на динамична корелација помеѓу образованието и промените во социјалната сфера, како и на  пазарот на трудот.

Во рамки на доживотното учење, и стручното образование и обука (СОО), како и образованието на возрасните (ОВ) имаат клучна улога во подигнувањето на нивото на образование и во развивање на вештините кај младите и возрасните, а со тоа ги зголемува шансите за нивно вработување и социјално вклучување.

Резултати на проектот

Резултатите на проектот се насочени кон помагање во процесот на подготовка на стандардите за занимања и на стандардите за квалификации, реформа на наставните програми за ЦОО и поддршка при имплементацијата на реформираните наставни програми, обука на анставниците, директорите на стручните училишта и останатите релевантни учесници.

Исто така, проектот ги поддржува подготовката, развојот и тестирањето на потребните програми за ОВ според потребите на пазарот на трудот, дава поддршка во воспоставувањето и имплементацијата на јавните институции за возрасни на локално ниво итн.

Една од клучните интервенции на проектот е изработка на Национална стратегија за доживотно учење 2016-2020 година. Стручното образование и обука и образованието на возрасни претставуваат два столба на стратегијата која ќе биде изработена во текот на проектот и ќе ги поддржи насоките на реформите во СОО и ОВ од претходните секторски стратегии. Оваа национална стратегија ќе ги поддржи институциите во развивање на визија во однос на системот на доживотно учење во земјата.

Области на проектот

Проектот опфаќа прашања поврзани со вработувањето на завршените ученици од средното стручно образование и оние кои поминуваат низ обуки како дел од образованието на возрасните, како и вреднување на квалификациите и програмите на пазарот на трудот.

Стручното образование и обука претставува главна врска помеѓу образованието и побарувачката на работна сила. Тоа треба да биде во постојана врска со потребите на пазарот на трудот и да биде зависно од насиките на претпријатијата. Со овј проект, стандардите и наставните програми ќе бидат ревидирани, заменувајќи го теориското знаење со учење вештини и со практична обука. Системот за СОО ќе се базира врз образование и обука насочени кон обезбедување јасни и релевантни резултати од учењето.

Образованието на возрасните има примарна улога во подобрувањето и надградувањето на знаењето на возрасното население и со тоа дава поддршка на нивниот капацитет да останат, да бидат мобилни и да се реинтегрираат во пазарот на трудот. Ова е од исклучителна важност и за социјалната кохезија на земјата, особено со оглед на моменталната стапка на невработеност. Преку проектот, исто така, програмите за ОВ ќе бидат ревидирани и ќе се креираат нови.

Фокус на проектот

Фокусот на проектот е да помогне, да им даде поддршка и да ги зајакне капацитетите на националните институции во реформата на системите за СОО и ОВ.

Петте компоненти на овој проект се меѓусебно поврзани и треба да имаат акции кои ќе се надградуваат една врз друга. Очекуваните резултати се:

  • Натамошно зајакнување на системот на СОО во соработка со приватниот сектор и социјалните партнери во согласнот со соодветните стратегии;
  • Натамошно јакнење на системот за ОВ;
  • Натамошно јакнење на целокупнито капацитет на националниот систем за доживотно учење, со посебно внимание на СОО и ОВ;
  • Подготовка на техничка спецификација и тендерска документација за набавка;
  • Подигнување на свеста за значењето и можностите кои ги нудат СОО и ОВ.

 

Проектот е во реализација на Британскиот совет и во соработка со ДВВ Интернешнел и Центарот за доживотно учење и трае до неомври 2017 година. Главен корисник на проектот е Министерството за образование и наука. Проектот е финансиран од Европската унија.

Ако сакате да дознаете повеќе, пишете нѝ на info@britishcouncil.org.mk.