Конференција за лидери во меѓународното образование 

29–30 ЈУНИ, 2020 ГОДИНА | ЛОНДОН

Going Global е нашата годишна конференција како платформа каде лидерите во меѓународното образование имаат можност да дискутираат за иднината на високото образование.Овогодинешната конференција ќе се фокусира на глобалните студенти и идните иновации.  

Во текот на конференцијата, експерти од целиот свет ќе дискутираат за прашања како што се: 

  • Каков вид на учење и средина за учење ќе бидат потребни за да се развие и поддржи идната генерација на глобални иноватори? 
  • Дали ќе бидат потребни многу различни форми на институции за глобално учење?
  • Како ќе се развиват глобалните предизвици и какви видови на иновации ќе бидат потребни за да се справиме со нив? 
  • Каков треба да биде одговорот на владите за да го поддржат глобалното учење? 

Доколку сакате да учествувате на конференцијата како говорник или член на панелот, посетете ја нашата глобална веб страница и дознајте како можете да се вклучите.