Man in public space image

Во соработка со Министерство за образование и наука работиме со работодавачи и претставници од средните стручни училишта и универзитетите од секторот туризам со цел да се нагласи  нивното незаменливото учество во процесот на имлементација на Македонската рамка на квалификации. Со нејзино заживување ќе се овозможи лесна препознатливност на претходните и на новите квалификации од страна на работодавачите во земјава и во странство, а со тоа ќе се овозможи и поголема вработливост на пазарот на трудот. 

За да ја постигнеме нашата цел, на септемврискиот настан, кој беше под водство на британскиот консултант Стефан Џон, учествуваа претставници од Центарот за стручно образование, Стопанската Комора за Туризам на Македонија, Стопанската Комора на Република Македонија, претставници од средните стручни училишта од Угостителско – туристичката струка од повеќе градови од Македонија и Универзитетот за Туризам и Менаџмент од Скопје. 

Стефан Џон сподели најдобри практики од Велика Британија за улогата на работодавачите и за сите кои се вклучени во процесот на образување на кадри во формалното и неформалното образование, при што голем акцент беше ставен на улогата и важноста од формирање на Секторски комисии во Македонија, како следен чекор. 

Презентациите од септемврискиот настан може да ги преземете на оваа страница.