Inclusive vocational education

Споделувањето на приодот и најдобрите практики кои се спроведуваат во Велика Британија за „Инклузивно стручно образование“ ги приближува  образовните работници, претставниците на институциите на системот, стручните училишта, педагошките факултети и академски институции ширум Македонија.  Ова е со цел да се приближи редовното образование до сите ученици без оглед на нивните способности, етничка припадност или физичка спремност. 

Оваа тема е во согласност со Националната стратегија за стручно образование 2013-2020.

Покрај одржаната Конференција за инклузивно стручно образование, на оваа тема годинава планираме и серија презентации наменети за директори, наставници и претставници од стручните служби од средните стручни училишта, и за студентите од Педагошките факултети во РМ.