Business people talking image

Во партнерство со Свисконтакт на нивната програма „Зголемување на пазарната вработливост“ и ПРЕДА Плус, работиме на запознавање и вклучување на работодавачите од секторот Информатички технологии (ИТ) во процесот на спроведување на Националната рамка на квалификации во Република Македонија.

На настанот, кој се одржа во ноември 2015 година, вклучивме поширок круг на чинители, работодавачи и високо образовни институции од ИТ секторот на кои им се претстави Националната рамка на квалификации, процесите за вклучување на работодавачите и за изготвување на стандарди на занимање и квалификации. Британскиот експерт г-ѓа Џудит Мекграт го претстави системот во Велика Британија, концептот и бенефициите од вклученоста на работодавачите во целиот процес,  моделите, праксите и развојот на ИТ вештини во Велика Британија.

Резултатот од настанот е изработка на најдобро применилив модел за соработка помеѓу високо образовните институции од ИТ секторот и работодавачите, следејќи ги успешните примери и пракси од Велика Британија.

Презентациите од настанот може да ги преземете на оваа страница.