National Qualifications Framework image
National Qualifications Framework image

Донесувањето на Законот за Македонската рамка на квалификации (МРК) претставува важен сегмент во процесот на реформи за синхронизацијата на македонското образование со европските текови. Со неговото заживување ќе се овозможи лесна препознатливност на македонските квалификации од сите нивоа, од страна на работодавачите во земјава и во странство, и со тоа ќе им се овозможи поголема вработливост и мобилност на имателите на нашите квалификации.  Законот исто така, ќе придонесе за систематско вклучување на работодавачите во образовниот прoцес, со што ќе се зголеми релевантноста на сите видови квалификации, кон потребите на бизнисите.  

Спроведувањето на Законот за МРК е во надлежност на Министерството за образование и наука  (МОН), кое ги координира сите други релевантни институции на системот и социјални партнери (Министерството за труд и социјална политика, Центарот за стручно образование и обука, Биро за развој на образование, Центарот за образование на возрасни, Агенција за вработување, претставниците на организациите на работодавачи и стопанските комори)  и други чинители вклучени во овој процес. 

Покрај МОН, работата на проектот ја синхронизираме со работата на Европската тренинг фондација (ЕТФ) во референцирање на МРК.

Во овој проект Британски совет  го споделува искуството и најдобрите практики од Обединетото Кралство за спроведување на рамката во пракса, и гради човечки капацитети на националниот тим на МРК, составен од претставници од  Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за стручно образование и обука, Биро за развој на образование, Центарот за образование на возрасни, Агенција за вработување и други чинители вклучени во овој процес.

Дознајте повеќе за Националната конференција за Македонската рамка на квалификации која се одржа на 18 март 2015 година.

Прочитајте повеќе за заедничкиот настан со МОН и ЕТФ и за обуката за градење на капацитетите на работната група на МРК, организирани во јули 2014 година.