Future English онлајн заедница за наставници е нашата нова онлајн платформа предводена од наставници по англиски јазик. Платформата обезбедува форум каде наставниците можат да се вклучат со нови идеи и релевантни дискусии, да споделуваат знаење и искуство, да размислуваат за нивната работа и да учествуваат во истражувања.
Платформата е отворена за сите, што значи дека секој наставник може да се регистрира, да креира сметка и да се вклучи во групните активности на нивната земја, како и да има пристап до другите останати активности на платформата.
По регистрација, наставниците можат да се вклучат во следниве активности:
- модерирани дискусии на форумот (темите за дискусии на форумот се избрани за да ги задоволат потребите на наставниците и се дел од поставената програма на клучни теми и прашања)
- одржани веб-работилници од ЕЛТ експерти (Обучувачи на Британскиот совет, надворешни говорници од Велика Британија, говорници во рамките на земјата, и други.)
- сесии и дискусии во живо
- развој на лични е-портфолија
- истражување, со следење на интерактивен курс при спроведување на истражување за нивната сопствена пракса ( моментално во фаза на развој, закажано за почетокот на 2021 година)
Наставниците можат да комуницираат на различни нивоа:
- Помали локални групи на наставници кои редовно се среќаваат лице в лице, но ја користат платформата за да останат поврзани меѓу состаноците, или пак оние кои се од рурални, оддалечени или изолирани заедници, кои не можат да се сретнат лице в лице и ја користат платформата за развој на виртуелна група.
- Други поголеми групи на наставници во рамките на земјата, преку дискусии на форуми и веб-обуки специфични за потребите на наставниците.
- Интеракција на пошироката платформа со наставници од други земји преку редовни вебинари на секои две недели и Групи за Посебни Интереси, на кои наставниците се приклучуваат врз основа на нивните области на интерес, нивното искуство и специфичен контекст во училницата.