Teaching English in a classroom

Релевантното стручно образование кон потребите на бизнисите, е клучно за постигање поголема вработливост на граѓаните што поседуваат стручни квалификации. 

Оваа релевантност е комплексна материја што е предмет на реформи во цела Европа и пошироко, а во Македонија е тема што веќе извесно време се става на дневен ред. Затоа, Британски совет во Македонија уште од 2007 година работи на поддршка на релевантните национални институции во постигање на оваа релевантност на стручното образование преку развивање на соработката помеѓу стручните училишта, локалните бизниси и надлежните образовни институции. Крајната цел е понудата на стручните училишта да одговара на потребите на пазарот на трудот и локалните бизниси.

За да се оствари оваа соработка, ги споделуваме најдобрите практики од Обединетото Кралство со претставници од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за економија, Центарот за стручно образование и обука, стопанските комори, работодавачите и компаниите од Македонија.

Прочитајте повеќе за обуката која ја реализиравме за стручно образование за потребите на бизнисите.