Добре дојдовте во новиот број на Vocational Education Exchange. Нашата нова тема е практикантството. Објавивме неколку студии на случај и написи за најновите случувања со практикантството во Обединетото кралство. 

Ќе видиме како слични шеми во ОК постигнуваат слични резултати така што на работодавачите ќе им го обезбедат обучениот персонал што им е потребен за да бидат ефективни. Има и написи за тоа како работата со професионална спортска организација резултираше со тоа студентите да се приклучат како вработени, како една практикантка во градежната индустрија освои награда, и како колеџ од северниот дел на Англија се адаптираше за да ги задоволи потребите на работодавачите. Имаме и напис за подобрување на развојот на практикантството во Европа.

Се надеваме дека на овој начин ќе добиете идеи и теми за разговор. Како и секогаш, кажете ни го Вашето мислење.