Извршниот директор за партнерство меѓу колеџите, Дугалд Крег, ја опишува возбудливата европска програма што ќе им помогне на понудувачите на обуки и на помалите компании да работат заедно за да развијат квалитетно практикантство. 

Практикантството е особено успешна форма на учење на работното место, при што се комбинира период на обука на работното место со образование на колеџ или училиште: работното место нуди скапоцено практично искуство и развој на вештини, надополнето со теоретски и дополнителни практични вештини во образованието. 

Цел

SAPS (Поддршка на практикантството меѓу професионалното високо образование и малите и средни претпријатија) е транснационален проект за соработка предводен од EURASHE (Европска асоцијација на институции во високото образование) и опфаќа партнери од Австрија, Република Чешка, Франција, Литванија, Малта, Португалија, Србија, Словенија и Шкотска. Финансиран е од програмата на Еразмус + Поддршка за реформи на политики.

Овој дел од програмата Еразмус + има за цел да:

  • да се подобри перцепцијата на малите и средни претпријатија (МСП - организации со 250 или помалку вработени) за придобивките од ангажирање на пратиканти од образовните институции
  • да се намалат бариерите за соработка меѓу образовните институции и МСП
  • да се воспостави поредовна и поструктурирана соработка меѓу организациите-чадори за професионално високо образование и напредно стручно образование и обука (како EURASHE со повеќе од 60 асоцијации и мрежи членки од Европа и Азија) и организациите што ги претставуваат МСП. 

Мотивот да се започне проектот произлезе од различни истражувања кои го покажаа потенцијалот на практикантството за надминување на недостигот на вештини и невработеноста кај младите во Европа. Работата на проектот и неговите резултати се совпаѓаат со други иницијативи на Европската унија, како Европската алијанса за практикантство (EAfA), кои сакаат да го зајакнат квалитетот, понудата, имиџот и мобилноста на практикантството во Европа преку национална посветеност и доброволни активности на чинителите. 

Европските експерти заеднички даваат насоки

Проектот САПС се справува со овие бариери преку двонасочен пристап што ги здружи европските експерти за управување со практикантство за да развијат материјал за настава и учење за потребите на МСП, а во исто време да се осврнат и на потребата за подобрени процедури во образовните институции за да се поттикне поотворен став кон практикантството. Резултат на ова се брошури на чешки, англиски, француски, германски, литвански, португалски, српски и словенечки јазик што: 

  • ја олеснуваат и поедноставуваат соработката меѓу МСП и образовните институции
  • ја демонстрираат вредноста на практикантството
  • нудат совети за регрутирање и менторирање на практиканти.

Брошурите се надополнети со „Алатка за квалитет на практикантство“ - со насоки за образовните институции и МСП за теми како: 

  • владеење и стратегија
  • настава и учење
  • операции

Алатката ги потенцира вообичаените процеси, критериуми и барања, и содржи практични алатки како листи за проверка и формулари. 

Како да се допре до МСП

Последната фаза на проектот ќе се фокусира на промовирање на предностите на практикантството за МСП и ќе се обиде да ги надмине постоечките пречки што ја намалуваат атрактивноста на практикантството во десетте земји вклучени во проектот. 

Дополнителни страници