Ник Рудкин, директор за бизнис, вклучување на работодавачите и практикантство во колеџот Донкастер, објаснува колку е важно колеџите да сорабтуваат со работодавачите и да се погрижат наставниците да се во тек со најновите случувања во нивната индустрија. 

Предизвик

Колеџот Донкастер долго време има успешно практикантство, но последните неколку години донесоа многу нови можности и компликации, како што е новиот систем на финансирање преку давачки. 

Владата на ОК напорно работеше на промовирање на практикантството и воведе стимулативни мерки за работодавачите да се вклучат, но по економската рецесија, во комерцијалната заедница се уште постоеја резерви во однос на инвестирањето во ова. Бидејќи во многу индустриски сектори имаше голем недостиг на кадар, требаше да најдеме нов начин да ги вклучиме работодавачите и студентите. Требаше да се уверат работодавачите дека практикантите не се скапи, не одземаат многу време и дека може да се потпрат на нив, а во исто време да се разрешат заблудите на студентите за ниските плати, неинспиративната работа и непросперитетните работни места. 

Решението од Донкастер

Во колеџот Донкастер воведовме форуми за работодавачите, што им овозможуваат на експертите од индустријата да го промовираат развојот на вештини во својот сектор. Ова ни овозможува да ги подобриме вештините на нашите предавачи, а во исто време да видиме кои се можностите за нашите студенти во индустријата. 

Почнавме и да ангажираме експерти од индустријата да држат мастер клас часови во колеџот, а нашите предавачи ги праќаме во индустријата за да се потсетат како изгледа работното место во однос на предизвиците и вештините. 

Градежната индустрија е дел од нашиот иновативен пристап за обезбедување на квалификуван кадар, што опфаќа и деветнеделна интензивна обука за вештини, по што следат четири недели работно искуство а потоа практикантство. 

За да можат работодавачите полесно да ги одберат студентите, имаме тим за регрутирање што ги рекламира слободните работни места, ги подготвува кандидатите за интервју и го прави целиот процес што е можно поедноставен како за работодавачите, така и за студентите. 

Бидејќи и самиот бев практикант, многу сум приврзан кон овој систем и верувам дека ова е решение за се поголемиот недостиг на вештини. Ако еден бизнис треба да расте или едноставно му е потребен повеќе квалификуван кадар, тогаш ињектирање на „свежа крв“ е едноставно и ефективно преку практиканти. 

Поддршка од работодавачите и студентите

Овој процес им е корисен на работодавачите. Дејв Хорнер, менаџер за операции во „Смит Брадерс“, вели: „Многу е важно да имаме практиканти на работното место. Имам одличен персонал, но тој нема да биде тука засекогаш и треба да ги придобијам кадрите што може да ги изгубиме преку новата генерација на практиканти“. 

Таша Џексон е практикант по дигитален маркетинг. Таа изјави: „Многу научив од луѓето околу мене и чувствувам дека и јас давам позитивен придонес за компанијата. Сега сум квалификувана на четврто ниво, но немам долгови за факултет и работам со полно работно време.“

Дополнителни страници