Северна Ирска има своја програма за практикантство. Југоисточниот регионален колеџ ефективно се погрижи вештините и знаењето на практикантите да ги задоволат потребите на работодавачите, дури и на повисоко ниво. 

Југоисточниот регионален колеџ (СЕРЦ) е водечки понудувач на практикантски места во Северна Ирска. Колеџот функционира во четири главни кампуси во југоисточниот дел на Северна Ирска и има кадар од 950 експерти и професионалци. Колеџот има 800 практиканти кои се претежно на возраст од 16 до 24 години. Повеќето од ниво го напуштаат училиштето и следат практикантство на второ и трето ниво. Но, колеџот има и практикантство од повисоко ниво каде што студентите може да се стекнат и со ниво пет.

Квалификации што ги задоволуваат потребите на индустријата

 Практикантството во СЕРЦ е финансирано од Министерството за економија, кое е дел од регионалната влада на Северна Ирска. Колеџот нуди 22 различни области за практикантство, а најпопуларни се машинско инженерство, моторни возила, водовод, електрични инсталации, столарство и ладилници. Иако овие традиционални занаети се популарни, СЕРЦ неодамна воведе и практикантство по фармација, информатичка технологија, негуватели за деца и сметководство. Практикантството нуди алтернативен начин за учење како замена за редовното студирање. Практикантите продолжуваат да студираат, а во исто време работат за работодавач и добиваат плата. 

 Практикантите на СЕРЦ минуваат еден ден неделно во колеџот, а останатите денови на работното место. Ако практикантите добро напредуваат, обично може да го завршат практикантството за две години. 

Успех на натпреварите за вештини

Практикантите на СЕРЦ се поттикнуваат да учествуваат на натпревари за вештини каде што се развива довербата во вештините. На минатогодишниот настан WorldSkills Show во Бирмингем, практикантите на СЕРЦ освоија три златни медали и еден сребрен медал за ладилници, ѕидање, столарство. 

Една од практикантките по кетеринг на СЕРЦ, Рејчел Карсон, работи за ресторан предводен од познатиот готвач Жан-Кристоф Новели. Таа беше прогласена за Практикант на годината за 2018 на Наградите за професионализам на Институтот за угостителство, а беше и финалистка на Наградите на Европската алијанса за практикантство во Виена во ноември 2018. Жан-Кристоф Новели изјави: „Рејчел е неверојатно талентирана млада готвачка, а нејзиниот брз успех е потврда за нејзината посветеност и страст за оваа индустрија, како и за високиот стандард на обука што ја добива на колеџот“. 

Практикантство на повисоко ниво

Практикантството на повисоко ниво е возбудлива новина кај курсевите што ги нуди СЕРЦ. СЕРЦ има речиси 200 повисоки практикантстки места во девет области, како што се негуватели за деца, мехатроника, авто-мото менаџмент и сметководство. Практикантството на повисоко ниво нуди можност за стекнување на дипломи од петто ниво додека се работи. 

Ова е возбудлив период за практикантството во Северна Ирска. Министерството за економија соработува со работодавачите и понудувачите на обука за да ја ревидира содржината на постоечките практикантски понуди и да развие нови. Ова ќе значи дека работодавачите ќе ги добијат потребните квалификувани работници, што ќе гарантира раст на економијата на Северна Ирска.

Дополнителни страници