Енди Слејтер од Факултетот за животен стил од Activate Learning го опишува партнерството меѓу студентите и професионалниот спортски клуб што добро функционира за сите. 

Факултетот животен стил е дел од Activate Learning, образовна група со напредни размислување од глобални размери. Групата опфаќа вишо и високо образование, училишта, практикантство и деловна обука. 

Стил на живот е составен од повеќе стручни гранки како спорт, коса, убавина, медиумска шминка, угостителство и кетеринг. Нашата мисија е да обезбедиме кадри спремни за работа и да трансформираме животи преку нашата филозофија на учење. 

Нашиот однос со работодавачите е клучен за нашиот успех. Преку партнерства, работно искуство, практикантство и можности за обука, фирмите имаат големи придобивки од соработката со Факултетот за стил на живот. 

Соработка со кошаркарскиот клуб „Рокетс“ од Рединг 

Факултетот за животен стил на Activate Learning се здружи со еден од водечките професионални кошаркарски клубови во ОК - Рокетс од Рединг - за да даде шанса на младите да ги развијат своите тренерски вештини и да бидат следната генерација на спортски тренери. 

 Соработката беше заемно корисна, така што студентите на Activate Learning добија квалитетни информации од најдобрите тренери во земјата, а Рокетс од Рединг имаа пристап до младите тренери на иднината. Заедно тие создаваат пат што води до вработување во кошаркарските клубови во ОК и во програмата за тренери. 

 Студентите по спортски тренинг добиваат директни информации од професионалците во клубот, со што се зголемува обемот на податоци од факултетот на Activate Learning. Двете организации во партнерство ја спроведуваат и оценуваат квалификацијата, со што се обезбедува успешна комбинација на академска строгост и практични знаења. 

 Исто така, студентите учествуваат и во општинската програма на клубот, каде што учат како да им дадат поддршка на искусните тренери во спроведување на програми за тренирање кошарка за локалните општински групи. 

 На крај, студентите добиваат квалификација од прво ниво за кошаркарски тренер од Националното тело (НГБ). 

Придобивки за студентите и за спортскиот тим

Стеф Џонсон, раководител на општинските програми на Рединг Рокетс, изјави: „Нашето партнерство со студентите по спорт од Колеџот Рединг беше позитивно и за двете организации. Клубот имаше можност за тесна соработка со студентите во училница и да им обезбеди пристап до спортисти што ќе им помогнат со задачите. Ова ни помогна и да го премостиме јазот меѓу училницата и работата, и студентите да бидат свесни како изгледа „вистинската“ индустрија во спортот и какви се барања има таа. Тоа што можевме да го пренесеме нашето знаење преку работата во различно опкружување ни помогна да го покажеме работното место во училница и да ги вклучиме и нив на работното место“. 

Студентите покажуваат одлични професионални стандарди и атрибути, а во исто време ги подобруваат своите комуникациски и меки вештини, кои се неопходни за наоѓање работа. 

Успехот на партнерството е јасен, затоа што шест поранешни студенти продолжија да работат во кошаркарскиот клуб Рокетс од Рединг како дел од нивниот тим за тренери во заедницата. 

Придобивките за студентите и за Рединг Рокетс се очигледни, со надеж дека овој тренд на вработување на студенти ќе продолжи долго во иднина.

Дополнителни страници