Вториот дел од низата примери за добри практики од страна на Европската Тренинг Фондација (ЕТФ) се занимава со програмата во Ерменија која им помага на жените кои преживеале полово насилство да се здобијат со знаење, вештини и структури за поддршка, за да започнат сопствен бизнис или да најдат работа.

Во многу земји, жените се сѐ уште помалку застапени како работна сила. Иако претприемништвото може да биде ефикасен начин да им се помогне да најдат работа и да добијат финансиска независност, недоволниот пристап до образование, тренинг, финансии, како и мерки и ментори за поддршка на бизнис, го отежнува започнувањето уште повеќе.

Дел од работата на проектот е подобро да се разбере улогата на жените во претприемништвото во земјите кои граничат со Европа, затоа ETF (Европската Тренинг Фондација) издвојува примери за искуството на жените во претприемништвото, кои ќе ги сподели со провајдерите на тренинзи и спреоведувачите на политики.

Еден пример е програмата во Ерменија за Унапредување на половата еднаквост и правата на оние кои преживеале полово насилство. Оваа иновативна програма им нуди професионален тренинг на жените кои имаат преживеано полово насилство, кој ќе им овозможи да испланираат, организираат, финансираат и раководат свој сопствен мал бизнис.

Иако многу жени во Ерменија се високо образовани, присуството на традиционалните улоги на маж-жена, недостигот од градинки и флексибилни работни услови, ги ограничува нивните можности за бизнис. Насилството врз жените во семејството е исто така многу распространето.

Финансирана од невладината организација „Near East Foundation“ и реализирана од страна на Трговската и индустриска комора на Гехаркуник, цел на програмата е да се зајакне улогата на жените кои преживеале насилство преку можности за вработување.

Hasmik Khachatryan е жена на која поддршката од програмата и беше од голема корист. По долгогодишното тепање и психолошко насилство од страна на поранешниот маж, побегнала во главниот град Ереван заедно со нејзините две деца.

Како дел од нејзината рехабилитација, таа беше избрана да учествува во програмата, и токму тука се стекна со потребните вештини и знаења за да ја отвори нејзината мала пекара, специјализирана за традиционална баклава од регионот Гава.

Hasmik верува дека вештините со кои се стекна преку програмата се многу повеќе од бизнис знаење. „Станав доволно самоуверена за да го започнам овој пат и да стигнам до финансиска независност“, вели таа. „Мојот сон сега е да ја разработам пекарата. Си замислувам како многу жени работат тука, жени како мене, кои навистина имаат потреба од работа. Си замислувам голем простор и многу задоволни муштерии!“

Повеќе од 160 жени кои како Hasmik имаат преживеано насилство се пријавија да учествуваат во програмата, 130 веќе развија бизнис план, а 50 добија финансиски средства за развој на својот бизнис.

Дополнителни страници