Ова е првата серија од есенското издание на Vocational Education Exchange која содржи студии на случаи за добрите практики од Европската Фондација за Обука. Очекувајте нови примери на добри практики во ноемвриското и декемвриското издание. 

Израел може да се пофали со најголемиот број на нови високотехнолошки старт-апови, како и со најголемата вложена капитална индустрија по глава на жител во светот (Истражувачки центар за вложлив капитал на Израел). Како водечка технолошка и научно-образовна мрежа, ОРТ помага да се задоволи успешниот прептприемнички екосистем преку иницијативи кои вклучуваат повеќе од 100.000 средношколци. 

Една таква иницијатива е Програмата за Технолошки Претпријатија на ОРТ, која ги подготвува учениците од четврта година во техничките и стручните училишта да влезат во високотехнолошкиот и претприемничкиот работен свет. 

Менторирани од страна на бизнис лидери, учениците работат заедно во мултидисциплинарни тимови под надзор на наставниците со цел да ги идентификуваат потребите на пазарот, а потоа да дизајнираат продукт и истиот да го пласираат на пазарот. На ваков начин тие го доживуваат претприемничкиот циклус, од идеја до реализација. 

По успешниот пилот во 2013 година, програмата сега опфаќа шест училишта низ мрежата на ОРТ, кои вклучуваат повеќе од 160 учесници на возраст од 16 до 18 години и 24 наставници. 

Добитник на Нобеловата награда за хемија Дан Шехтман, кој е дел од управниот одбор на програмата, вели: „високата технологија, креативноста и претприемништвото одат рака под рака. Идејата е да го научиме секое дете во Израел за претприемништвото, како што ги подучуваме во областите на математиката, физиката, хемијата и англискиот јазик“.

Turning ideas into reality

A key aspect of the programme is that no school budget or specialist technical equipment is made available for product development. Students must find financial backing and partners from the outside world, source second-hand components online, and convince enterprises to let them use their facilities, outside of working hours, to produce their prototype.

It’s all part of the aim of creating an alternative studying environment, as science and engineering teacher, Oren Lamdan, says: ‘it’s real-life learning! We encourage the students to take risks, initiate and innovate.’

For student May Shushan, the approach is working. ‘When we meet companies, we realise we are doing something real,’ she says. ‘I feel like a grown up, like it’s my job and I want to do it. It’s fun!’

Another important feature of the programme is its moral purpose. Students must address a social challenge when developing their ideas, emphasising that entrepreneurship is not just a way to get rich, but a means of increasing social capital.

Претворање на идеите во реалност

Клучен аспект на програмата е фактот што ни школскиот буџет, ни специјалната технолошка опрема не се достапни за развој на еден продукт.  Учениците, за да го направат својот прототип, мораат да изнајдат финансиска поддршка и да најдат партнери надвор од училниците, да најдат користени компоненти онлајн, и да ги убедат претпријатија да им дозволат да ги користат нивните простории и опрема, вон нивното работно време.

Сето ова е дел од целта да се создаде средина за алтернативно учење, како што вели професорот по инженерство Орен Ламдан: „тоа е вистинско учење! Ние ги охрабруваме учениците да преземаат ризици, иницијативи и да бидат иновативни.“

Овој пристап функционира за ученичката Меј Шушан. „Кога стапуваме во контакт со компаниите, сфаќаме дека правиме нешто автентично“, вели таа. „Се чувствувам како возрасна, како тоа да е моја работа и сакам да го правам тоа. Навистина е забавно!“

Друга важна карактеристика на програмата е нејзината морална цел. Учениците мора да обрнат внимание на социјалниот предизвик кога ги развиваат своите идеи, нагласувајќи дека претприемништвото не е само начин да се збогатат, туку средство за зголемување на социјалниот капитал.

Насочени кон успехот

Во основа, претприемништвото бара смелост нешто да се започне, и ако не успеете во тоа, треба да имате храброст да почнете одново. Затоа достигнувањата во програмата не се засновани на успехот на финалниот производ – учениците може и да  не произведат конечен производ. Наместо тоа, достигнувањата се мерат во зависност од тоа колку добро тие се справуваат со предизвиците со кои се соочуваат.

Преку претприемничкото патешествие, учениците се стекнуваат со витални животни и работнички вештини, како и со самодоверба. Тоа им помага да развијат претприемнички и иновативен начин на размислување, како и неопходни вештини за тимска работа и комуникација. Без разлика на тоа дали тие ќе се одлучат да основаат свој бизнис или не, тие се подобро подготвени за да успеат во реалниот живот и работа. 

Исто така, постојат и предности за училиштето. Учениците се мотивирани со тоа што од прва рака гледаат како академските предмети се применуваат во пракса. Преку ова, врските со локалните бизнис заедници се зајакнати. 

Пред сè, програмата е инструментална во промената на парадигмата на учење. Наставникот повеќе не е единствениот извор на знаење, туку е водич и тренер кој ги поддржува учениците да ги постигнат своите цели. Важен чекор кој бара лидерство и инвестирање во стручното усовршување на наставниците е тие свесно да го направат преминот од „мајстори во својата струка“ во „ментори“.

Најдобри совети за успешна програма за претприемништво:

  • учениците треба да работат автономно во мултидисциплинарни тимови
  • да се донесат ментори од бизнисите
  • фокус на целосното претприемничко патешествие, од идеа до продукт подготвен за пласман на пазарот
  • oхрабрување на учениците да бараат финансиска поддршка и партнери надвор од училниците
  • oценување на учениците базирано на нивните успеси низ различните фази на процесот, отколку оценување врз основа на успешноста на нивниот продукт.

Дополнителни страници