Идентификувањето на добри практики во обучувањето на претприемници не само што им помага на креаторите на политиките, бизнисите и обучувачите да споделуваат знаења и искуства, туку може да доведе и до подобрување на политиката за обучување и нејзината имплементација. 

Европската фондација за обука (ЕФО) е специјализирана агенција на ЕУ што им помага на нејзините партнерски држави да го искористат потенцијалот на нивниот човечки капитал преку реформирање на системите за образование, обучување и на пазарот на трудот. 

Преку споделување на добрите практики во обуките за претприемништво, ја поддржуваме заедницата за обука преку дефинирање и објавување на знаењето и експертизата на тренерите. Ова ја поддржува иновативноста во нашите партнерски држави и ги информира креаторите на политики за тоа кои обуки добро функционираат, под кои услови и по која цена. 

Како споделуваме добри практики? 

Објавуваме клучни примери на добри практики во обуките за претприемништво преку нашата онлајн платформа за добри практики. Тоа е место каде што едукаторите можат да учат и да коментираат за новите пристапи иместо каде директно да се поврзуваат со други обучувачи. Креаторите на политики, исто така, можат да користат специјално наменет простор на платформата за да се поврзат и да разменат прашања и искуства за различни аспекти на политиката на обучување. 

Нашиот годишен форум за добри практики ги зближува креаторите на политики и одбраните обучувачи да дискутираат на едно место. Тука тие ја имаат таа можност директно да разговараат за  конципирањето на политиките и за индивидуалните примери на добри практики од кои корист може да има целата заедница на обучувачи.  

Како да идентификуваме добри практики? 

Примерите на добри практики споделени на нашата платформа се селектираат на годишен повик за предлози. Пријавите од нашиот повик за 2017 година, коишто моментално се испитуваат, се фокусираат на обуки за интернационализација на мали и средни претпријатија и на учењето за претприемништвото како клучна способност. 

Сите пријави се оценуваат од страна на други понудувачи на обуки коишто работат во истата сфера. Тие ја користат ЕФО картичката за оценување на добри практики, која се состои од група рамки за проценка и група од пет критериуми за добри практики:

  • анализа на потребите на обуката
  • изработка на програмата за обуки
  • опкружувањето за обука
  • набљудување, евалуација и подобрување 
  • маркетинг и дисеминација.

Следете ја нашата серија статии за добри практики и обука за претприемништво

Во текот на есента, Vocational Education Exchange  ќе сподели неколку примери за добри практики во претпријатијата и претприемништвото идентификувани од страна на ЕФО. Нашето октомвриско издание содржи студија на случај за многу успешна програма за претприемништво во Израел, која ги повикува учениците нивните идеи за производи да ги претворат во стварност. Очекувајте нови примери за добри практики од ЕФО во ноемвриското и декемвриското издание.

Дополнителни страници